Како градоначалник на Сарај, одобрил градба на трговци со отпад

351
Финансиската полиција поднесе пријава против пратеникот Блерим Беџети

 

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, двајца поранешни секретари во Општината, двајца раководители на Секторот за урбанизам, помлад соработник, раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот во Град Скопје и против надзорен инженер. Осомничените се товарат за кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување деловни книги. Одобриле градба со лажна содржина на фирма што се занимава со откуп на отпад.

– Постојат основи на сомнение дека пријавените лица, вработени во Општина Сарај, иако биле свесни дека не постои донесен детален урбанистички план за катастарската парцела КП 10405/6 КО Сарај, со пречекорување на своите службени овластувања, изготвиле и одобриле извод од план и одобрение за градба со невистинита содржина, како и пресметки за надоместок за уредување градежно земјиште, спротивно на законските прописи, а надзорниот инженер извршил технички преглед на објектот и изготвил завршен извештај со невистинита содржина – стои во кривичната пријава што ја објави Финансиската полиција.

Осумтемина пријавени ѝ овозможиле на фирмата „Азра Идриз“ од селото Глумово во Сарај да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 108 милиони денари или околу 1,8 милиони евра.

 

ИЗДВОЕНИ