Владимир Путин и Доналд Трамп разговараат преку шифрирани, сигурносни линии. Во разговорот учествуваат преведувачи = Путин го користи рускиот јазик, иако говори англиски, и преговара на својот мачин јазик. Во претходните контакти не користеа видеоконференциски повици.
По инаугурацијата на Трамп, првиот јавно најавен телефонски разговор меѓу Трамп и Путин е одржан на 12 февруари. Повторно разговарале на 18 февруари. Според Кремљ, разговорот траел околу 2 часа, што е еден од најдолгите повици на Путин со некој светски лидер.
Путин сега се согласи привремено да ги прекинува нападите на украинската енергетска инфраструктура – иако подоцна повеќе пати беше обвинет дека не го испочитува договорот – но одби да поддржи целосен 30-дневен прекин на огнот кој го побара Трамп.
Кремљ во февруари изјави дека е можно да имало повеќе контакти меѓу Трамп и Путин од оние кои се јавно објавени. Во својата книга Војна од 2024 година, новинарот на „Вашинготн пост“ Боб Вудворд наведе дека Трамп по излегувањето од Белата куќа во 2021 година имал директни разговори со Путин- дури седум пати.
На прашањето за тоа тврдење во интервју за „Блумберг“ минатата година, Трамп одговори:„Ако и сум разговарал, тоа е паметна работа“. Кремљ ги демантираше тврдењата на Вудворд.
Одвоено од „Ројтерс“, „Вашинготн пост“ и „Аксиос“ известија дека Трамп и Путин разговарале на почетокот на ноември. И тие наводи Кремаљ ги демантираше.