Општина Крива Паланка, на Јавниот повик на ЗЕЛС, е избрана за изработка на студија на случај и креирање мерка, како и нејзина имплементација, во рамки на проектот „Вклучување на родовата перспектива во испораката на локални услуги низ Југоисточна Европа”. Проектот се спроведува преку НАЛАС (Мрежа на асоцијации на локални власти во Југоисточна Европа) а со финансиска поддршка од УН Вомен и експертска поддршка од ЗЕЛС.
На работната средба, која се одржа во четвртокот во просториите на Општина Крива Паланка, присуствуваа претставници од ЗЕЛС, претставници од НАЛАС, од локална самоуправа и координаторката за Еднакви можности. Во рамки на работната средба, беа дискутирани конкретни предлози и беа разгледувани мерки за подобрување на системот за управување со отпад.
Разговорите беа насочени кон идентификување на активности и мерки, со цел, процесот да стане поефикасен, поодржлив и поправеден, преку активно вклучување на жените и на мажите во сите фази на донесување одлуки и спроведување активности на локално ниво.
Целта е да се развијат креативни и практични решенија кои ќе ги земат предвид потребите и улогите на жените и на мажите во процесот на одржливо управување со отпад и ќе дадат свој придонес во циркуларната економија.
Во наредниот период ќе биде презентирана и самата мерка која ќе се имплементира во Општина Крива Паланка.






