
Крајот на сезоната е многу блиску и се почесто се зборува за идниот освојувач на „Златната топка“ бидејќи престижната награда се доделува врз основа на перформансите во текот на сезоната.
Меѓу кандидатите за освојување на најважната индивидуална награда во светот на фудбалот секако е и играчот кој некогаш просел на улица.
Оваа сезона има монструозен учинок од 34 гола и 25 асистенции, па не е ни чудо зошто легендарниот француски фудбалер, Тјери Анри, го вброи на листата со топ кандидати.
Станува збор за Рапфиња, кој го игра најдобриот фудбалот во својот живот и тоа во дресот на Барселона и под водство на Ханси Флик.
Иако многумина во преден план го ставаат Ламине Јамал, бразилскиот напаѓач не е ништо помалку важен за играта на Барселона, што го потврдува и неговата статистика.
Кога во март постигна два гола против Бенфика во Лигата на шампионите, Анри веднаш го нарече Бразилецот кандидат за „Златната топка“.
„За мене Рапфиња е во водство за Златната топка благодарение на она што го прави во Лигата на шампионите“, изјави тогаш Анри и додаде:
„Салах е одличен кандидат, Кејн е друг, а Дембеле исто така. Уште повеќе, Рапфиња постигна 11 гола, а само еден од пенал“.
Бразилецот на крајот стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите со Барселона и го заврши натпреварувањето со 11 гола и девет асистенции.
Крилниот напаѓач денес има 28 години, а во Барселона пристигна пред три сезони за 58 милиони и дури сега почна да ја оправдува вложената сума.
„Кога имав 16 години, застанав на улица после тренингот и барав од луѓето да ми купат нешто за јадење или да ми дадат храна, некои ми помогнаа, некои ме навредуваа“, изјави Рафиња и додаде:
„Животот не е лесен, но никогаш не се откажав, дури и кога ме презираа, а досега клубовите потрошија 100 милиони на мене. Неодамна размислував да се откажам од се поради лични и професионални проблеми. Размислував да се откажам, да го напуштам фудбалот затоа што не требаше да поминам низ одредени психолошки проблеми или да претрпам тешкотии и напади од медиумите или навивачите“.