Kaко да се добијат 8 милиони следбеници на Инстаграм за помалку од еден ден? Тоа го знае само папата Лав XIV – го објави првиот пост на новиот профил/ФОТО

83
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Социјалните мрежи се преполни со веста дека наследникот на папата Франциск, папата Лав XIV, создаде свој профил на Инстаграм.

За помалку од еден ден, новиот папа го следеа 8,7 милиони луѓе. На неговиот профил моментално има само неколку фотографии кои најчесто се направени на плоштадот Свети Петар во периодот кога светот дозна кој е новиот папа.

„Мир на сите! Ова е првиот поздрав упатен од Воскреснатиот Христос, Добриот Пастир. Би сакал овој поздрав на мирот да одекне во вашите срца, во вашите семејства и меѓу сите луѓе, каде и да сте, во секоја нација и во целиот свет“, се вели во соопштението, кое е преведено на повеќе јазици.

Папата Лав XIV е роден во 1955 година во Чикаго, САД, под името Роберт Францис Превост. Прелат беше избран од 133 кардинали кои се помлади од 80 години.

Папата Лав XIV течно зборува пет јазици: шпански, италијански, француски и португалски, а чита само латински и германски. Тој беше избран за кардинал во 2023 година, истата година кога стана префект на Дикастеријата за епископи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pope Leo XIV (@pontifex)

ИЗДВОЕНИ