На многу зимски јакни со пердуви има предупредување дека не треба да се перат во машина за перење, бидејќи може да се згрутчат пердувите и да го отежнат сушењето. Сепак, постои едноставен трик со кој ќе се задржат формата и полнотата на јакната дури и по перењето.
Јакната може безбедно да се пере во машина за перење ако ставите три обични тениски топчиња до неа. Во текот на перењето и сушењето, топчињата спречуваат да се згрутчат пердувите, а по сушењето, јакната ги задржува својата оригинална форма и волуменот.
Доколку имате машина за сушење, се препорачува да ја сушите јакната заедно со топчињата, но сушењето на воздух со повремено тресење, исто така, дава одлични резултати.
При перењето јакна, важно е да не се преоптоварува машината за перење – доволно е да се пере само една јакна истовремено, бидејќи се шират пердувите во текот на перењето и зафаќаат многу простор во барабанот.
Овој едноставен трик овозможува безбедно и ефикасно одржување на зимските јакни дома, без грутки пердуви и компликации при сушењето.












