Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, која денеска престојува во Скопје.
Фото: П. Стојановски
По средбата со Мицкоски, Калас ќе оставри и средба со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија, што следува по склучувањето на билатералниот договор за безбедносното и одбранбеното партнерство во ноември минатата година.