Кавадарчанец бил приведен од полиција, бидејќи бил агресивен кон полициски службеници, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа кавадарчанецот Т.С.(43), затоа што на улица „Миле В’чков“ во градот, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При преземање мерки, кај него се измерени 3,13 промили алкохол во крвта. Т.С е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР Велес
ИЗДВОЕНИ

Зголемување на минималецот е можно само со договор меѓу синдикатите и работодавците

Јаневска најави Ѕид на срамот за да магистериуми и докторати не се купуваат по 300 евра на огласи

Првообвинетиот за „Пулс“ Дејан Јованов во притвор со мобилен телефон – судијката се закани со забрана за посети

Над 18 илјади казни за 28 дена – брзото возење најчест прекршок








