Македонската „ѕвезда на Гранд“ ни праќа убави вести!

Можеби веста ви звучи како „гром од ведро небо“, но е вистинска и точна. Најточна и најубава! Наскоро, македонската „Ѕвезда на Гранд“, долгокосиот и тетовираниот Александар Јосифовски од Охрид, ќе стане татко!

Иако не така одамна се разведе од првата сопруга, тој е сега во втор среќен брак, а наскоро стигнува бебето наследник. Се разбира дека покрај него и сопругата, најрадосна е мама Бети, како идна баба, а поранешна позната македонска фолк-пејачка.

Атрактивниот тетовиран рокер, својата нова среќа ја пронајде покрај девојката Ана, сега втората сопруга, со која живее во Белград. Во српската метропола Јосифовски воедно и работи на тамошната естрадна сцена. Како што дознаваме, прилично е успешен. Сите сè уште се сеќаваат на неговите исклучителни настапи во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, кога како еден од победниците, доби покана да биде ексклузивен гостин на популарната Лепа Брена на нејзината турнеја по Америка. Тогаш рокерот носеше многу куса коса. Охриѓанецот одлично знаеше да ја искористи привилегијата што ја доби да пее со таква мегаѕвезда,.

Балканското шоу на Александар целосно му го промени животот, а неговиот ментор Ѓорѓе Давид многу му помогна. Рокерот се откажа од алкохолот, кој му беше своевиден порок, по разделбата на неговите родители. Давид беше многу горд на успехот на Александар, па не можеше да ги скрие емоциите. Заплака пред публиката во текот на емитувањето на шоуто. Никој не остана рамнодушен. Сето ова ги трогна гледачите и пред ТВ-екраните и во студиото. И самиот Јосифовски, исто така, не издржа, па и тој заплака, пред камерите. Секако, од преголема радост!                                             (Д. М.) фото:архива

 

 

ИЗДВОЕНИ