Кафето го забавува стареењето кај жените

134
pexels

Не е новост дека кафето може да има здравствени придобивки, особено ако се консумира умерено и редовно – помага да се намали ризикот од кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2.

Сепак, една нова студија од Универзитетот Харвард открива уште еден потенцијално важен ефект: редовното пиење кафе може да придонесе за здраво стареење кај жените.

Кафето е задолжителен пијалок за многумина во текот на денот, а новата студија од Харвард покажува дека нема ништо лошо во тоа. Особено ако сте жена.

Според резултатите, жените кои пијат до 2,5 шолји кафе дневно имаат поголеми шанси да живеат до седумдесеттата и постари години без сериозни здравствени проблеми – како што се проблеми со меморијата, проблеми со подвижноста, дијабетес, рак или деменција.

Секоја дополнителна шолја кафе дневно ја зголемува веројатноста за здраво стареење за околу пет проценти. Препорачаната горна граница од 2,5 чаши дневно покажа подобрување на општата здравствена состојба помеѓу два и пет проценти.

Студијата опфатила 47.000 жени кои од 1984 година редовно доставувале информации за нивното здравје, начин на живот и исхрана.

Кофеин од кафето – клучниот фактор

Здравствените придобивки најмногу му се припишуваат на кофеинот, но исклучиво на оној од кафето.

Кофеинот од Кока кола и нергетските пијалоци не ги носи истите придобивки – напротив, секојдневното консумирање на овие пијалоци може да ги намали шансите за здраво стареење за дури 19 проценти. Исто така, кафето и чајот без кофеин го немаат истиот позитивен ефект.

„Резултатите покажуваат дека кафето со кофеин – за разлика од чајот или кафето без кофеин – може да го поддржи процесот на стареење со зачувување на менталните и физичките функции“, рече д-р Сара Махдави, автор на студијата од Харвард, која неодамна ги претстави своите наоди на годишната конференција „Исхрана 2025“ во Орландо.

ИЗДВОЕНИ