Кафеаните станаа луксуз

712

Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година, во однос на тој месец од претходната година, сe зголемени за 3,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари-октомври годинава, пак, во однос на тој период лани, цените се зголемени за 5,1 отсто, а во споредба со декември 2024 година, растот е 2,1 отсто.

Во октомври 2025, во однос на претходниот месец, цените на угостителските услуги се зголемени за 0,3 отсто.

ИЗДВОЕНИ