Каде во Европа најмногу се користи вештачката интелигенција, а колку во Македонија?

535
epa12536210 A humanoid robot with built-in Sberbank GigaChat is seen during AI Journey 2025, an international conference on artificial intelligence and machine learning, at the Sberbank City business complex in Moscow, Russia, 19 November 2025. EPA/KRISTINA KORMILITSYNA/SPUTNIK/KREMLIN / POOL MANDATORY CREDIT

Генеративната Вештачка интелегенција (ВИ) брзо се претвори од нова технологија во секојдневна алатка. Од лична употреба до работа и образование, милиони луѓе низ Европа сега се потпираат на алатки како ChatGPT, Gemini и Grok, но стапките на усвојување на технологијата драматично варираат меѓу земјите, објавува Euronews Next.

Алатките за генеративна ВИ им овозможуваат на корисниците да креираат нова содржина како што се текст, слики, код или видео врз основа на едноставни барања. Според податоците на Евростат за 2025 година, околу една третина од населението на Европската Унија на возраст од 16 до 74 години користело една од овие алатки барем еднаш.

Сепак, податоците за 33 европски земји откриваат огромен јаз во употребата на вештачка интелигенција – од само 17 проценти во Турција до 56 проценти во Норвешка. Во самата Европска Унија, опсегот се движи од 18 проценти во Романија до 48 проценти во Данска.

Во дури 13 европски земји, повеќе од 40 проценти од населението користело алатки за генеративна вештачка интелигенција. Оваа група, заедно со Норвешка и Данска, ги вклучува Швајцарија (47 проценти), Естонија (47 проценти), Малта (46 проценти), Финска (46 проценти), Ирска (45 проценти), Холандија (45 проценти), Кипар (44 проценти), Грција (44 проценти), Луксембург (43 проценти), Белгија (42 проценти) и Шведска (42 проценти).

Од друга страна, во осум земји, помалку од една четвртина од населението ги користи овие алатки. Заедно со Турција и Романија, тоа се Србија (19 проценти), Италија (20 проценти), Босна и Херцеговина (20 проценти), Македонија (22 проценти), Бугарија (23 проценти) и Полска (23 проценти).

Меѓу најголемите економии на ЕУ, Италија (20%) и Германија (32%) се под просекот на ЕУ, додека Шпанија (38%) и Франција (37%) се малку над него, што покажува јасна поделба помеѓу дигитално понапредните север и запад и заостанатите југ и исток од Европа.

Експертите објаснуваат дека овие разлики не се случајни. „Прво, стапките на усвојување на вештачката интелигенција имаат тенденција да ја следат општата дигитална база на земјата. Земјите што покажуваат највисоко усвојување, како што се Данска и Швајцарија, веќе се многу напредни во дигитализацијата“, изјави за Euronews Next Колин ван Нордт, истражувач на Универзитетот KU Leuven во Белгија.

Тој истакнува дека луѓето во овие земји веќе имаат дигитални вештини, почесто го користат интернетот и генерално се повеќе технолошки упатени. „Ова се рефлектира во податоците: во земјите со помала употреба, луѓето не ја користат затоа што не знаеле дека постои генеративна вештачка интелигенција или не знаат како да ја користат“, додаде тој.

Ван Нордт нагласува дека едно е да се има пристап до технологијата, а сосема друго е да се разбере како да се користи. „Многу луѓе низ Европа велат дека не ја користат генеративната вештачка интелигенција едноставно затоа што не знаат за што да ја користат. Ова покажува дека „писменоста за вештачката интелигенција“ е огромен фактор“, рече тој.

Иако владите можат да ја поттикнат употребата, Ван Нордт заклучува дека „фундаменталната дигитална култура и практичните вештини на граѓаните се чини дека имаат поголемо влијание“.

Податоците, исто така, откриваат дека вештачката интелигенција се користи многу повеќе за лични цели отколку за работа. Во просек, 25 проценти од луѓето во ЕУ користеле алатки за вештачка интелигенција од лични причини, додека 15 проценти ги користеле за деловни цели. Личната употреба е доминантна во сите анализирани земји, но јазот драматично се менува.

На пример, во Холандија, односот е речиси еднаков (28 проценти за лични причини, 27 проценти за деловни причини), додека во Грција, 41 процент од луѓето користат вештачка интелигенција од лични причини, додека само 16 проценти од работни причини.

Според Ван Нордт, пониските стапки на употреба на работното место се должат на фактот дека „сè уште не е јасно за што може да се користи со позитивен придонес“. Вештачката интелигенција се користи најмалку во формалното образование, само 9 проценти во ЕУ. Овој удел е највисок во Шведска и Швајцарија (21 процент), а најнизок во Унгарија, каде што е само 1 процент.

ИЗДВОЕНИ