Каде може Иран да ја нападне Америка?

672
EPA-EFE

Иран вети брза одмазда по американските напади врз неговата нуклеарна програма. „Секој американски граѓанин или војник во регионот сега е цел“, рече коментатор на иранската државна телевизија.

Иранските власти со денови пред нападите предупредуваа на одмазда. Министерот за одбрана Азиз Насирзадех на 11 јуни рече дека сите американски бази се во домет и дека ќе бидат нападнати без двоумење.

Американските бази и војници под закана

Десетици илјади американски војници во моментов се распоредени на Блискиот Исток. Најголемата американска база во Ирак е базата Ал Асад, која е управувана од ирачки и американски сили. Иран и неговите сојузници постојано ја напаѓаа базата, вклучително и ракетни напади во 2020 година по убиството на генералот Касем Сулејмани. Десетици американски војници се повредени, а базата е оштетена.

Администрацијата на Трамп најави намалување на бројот на американските бази во Сирија од осум на една – Танф, лоцирана на југот на земјата. Во јануари 2024 година, во напад со беспилотно летало врз американската база Тауер 22 во Јордан загинаа тројца американски војници, што е најсмртоносниот напад врз американските сили од падот на Кабул во 2021 година.

Најголемо американско присуство во Персискиот Залив

Најголеми воени бази во регионот се во Бахреин, Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати. Базата за активности за поморска поддршка во Бахреин е дом на 5-та флота на американската морнарица, со околу 8.300 војници, додека воздушната база Ал-Удеид во Катар е најголемата американска воена инсталација на Блискиот Исток и седиштето на CENTCOM.

Според европските претставници, Иран предупредил дека американските бази во Заливот би можеле да станат легитимни цели. Милициите финансирани од Техеран, исто така, им се закануваат на американските војници и дипломатските објекти. САД веќе евакуираа дел од персоналот од амбасадите во Ирак и Израел.

Претставник за безбедност на ирачката милиција Катаиб Хезболах рече дека американските бази „секако се цели“ и навести можност за напади врз американски авиони во регионот.

Одговор на Пентагон и откажување на летови

Пентагон најави распоредување дополнителни сили и опрема на Блискиот Исток, нагласувајќи дека заштитата на американските сили е врвен приоритет. Портпаролот на Пентагон нагласи дека сегашното распоредување на американските сили во регионот не се менува.

Поради тензичната ситуација, „Ер Франс“ и „КЛМ“ ги откажаа летовите за и од Дубаи, поради безбедносната состојба.

Може ли Иран да ја нападне американска територија?

Иако Иран поседува широк опсег на балистички и крстаречки ракети, ниту една од нив нема дострел да стигне до територијата на САД. Исто така, иранските воздухопловни сили немаат капацитет да изведат такви напади. Затоа, најголемата загриженост за САД е можноста за одмазда против нивните сили распоредени во регионот.

ИЗДВОЕНИ