Кабул би можел да стане првиот модерен град без вода

126
screenshot video Drone Travel

Нивото на водата во водоносните слоеви во главниот град на Авганистан се намали за 30 метри во текот на изминатата деценија поради брзата урбанизација и климатските промени.

Кабул би можел да стане првиот модерен град на кој целосно ќе остане без вода, се вели во извештајот на невладината организација Mercy Corps.

Скоро половина од градските бушотини, главниот извор на вода за пиење за жителите на Кабул, пресушија. Ако продолжат овие трендови, сите водоносни слоеви на Кабул ќе пресушат до 2030 година, што претставува егзистенцијална закана за седумте милиони жители на градот.

ИЗДВОЕНИ