„Кабаре“ во Парламентот на БиХ, реагираше пратеник: „Се моли колешката да не седи во скутот на министерот за финансии“/ВИДЕО

1250

Вистинска мала драма се случи за време на дебатата за буџетот во Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ. Додека пратеникот Златан Бегиќ зборуваше за симболика и ја критикуваше работата на Владата, пратеничката на СНСД Сања Вулиќ му се приближи на министерот за финансии Срѓан Амиџиќ, го прегрна и предизвика жестоки реакции во салата со своите гестови.

За време на дебатата за буџетот во Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ, пратеникот Златан Бегиќ (ДФ) рече дека „длабоко верува во симболика“ и нагласи дека „симболично е што министерот за финансии се појави во пресрет на Ноќта на вештерките“.

– Колку и да се појавуваат мртвите утре, Советот на министри се грижи за работниците и луѓето – рече Бегиќ, додавајќи дека „ова е прв пат да го видам министерот за финансии на седница“.

Додека тој зборуваше, пратеничката на СНСД, Сања Вулиќ, му се приближи на својот сопартиец, министерот за финансии Срѓан Амиџиќ, го прегрна и му се обрати со неколку реченици со видливи гестови со рацете, што предизвика смеа и негодување во салата.

– Би сакал да ja замолам мојата колешка да не седи во скутот на министерот за финансии додека разговараме за буџетот, нема смисла. Ве молам погледнете го ова. Барам пауза за да можат пратениците да се средат – реагираше Бегиќ по овој потег.

Видеото од Парламентот брзо стана вирално на социјалните мрежи, а корисниците коментираа дека политичката дебата во БиХ повторно добила „кабаре тон“.

ИЗДВОЕНИ