среда, јануари 28, 2026
Дома СПОРТ Јунајтед понуди 90 мил. евра за 19-годишен фудбалер

Јунајтед понуди 90 мил. евра за 19-годишен фудбалер

45
epa12656755 Yan Diomande of Leipzig (C) and Hiroki Ito of Bayern Munich (L) in action during the German Bundesliga soccer match between RB Leipzig and Bayern Munich in Leipzig, Germany, 17 January 2026. EPA/FILIP SINGER CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Откако го отпуштија Рубен Аморим, челниците на Манчестер Јунајтед го насочија своето внимание кон јануарскиот преоден рок.

Манчестер Јунајтед наводно понудил 90 милиони евра за да го победи ривалот Ливерпул во трката по потписот на младиот напаѓач од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Јан Диоманде.

Диоманде доживеа метеорски подем откако се приклучи на РВ Лајпциг од Леганес.

Откако се пресели во Бундеслигата, тој постигна седум гола и додаде четири асистенции во 16 одиграни натпревари оваа сезона.

Диоманде гради репутација на експлозивен фудбалер кој има неколку „трикови во ракавот“ и многу лесно се справува со противничките дефанзивци.

Моментално, 19-годишниот напаѓач игра за националниот тим на Брегот на Слоновата Коска заедно со ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Амаду Дијало.

Неговата вредност продолжува да расте откако постигна гол во победата на Брегот на Слоновата Коска од 3:0 над Буркина Фасо во 1/4 финалниот дуел на Африканскиот куп на нации.

Според англиските медиуми, потрагата по играчот продолжува и Манчестер Јунајтед наводно испратил официјална понуда од 90 милиони евра.

Раководните лица на „црвените ѓаволи“ наводно се на добар пат да постигнат договор со играчот, како и со челниците на РБ Лајпциг.

Челниците на бундеслигашот наводно му дале дозвола на Диоманде да преговара со Манчестер Јунајтед за потенцијален трансфер.

Неофицијално, Јунајтед му нуди петгодишен договор што би вклучувал опција за продолжување за уште 12 месеци.

Се вели дека сите во Манчестер Јунајтед се луди по Диоманде и сакаат да го потпишат по секоја цена овој јануари.

Останува да се види дали ќе можат да го реализираат овој трансфер, особено ако и Ливерпул испрати понуда.

Манчестер Јунајтед не е единствениот клуб што го сака, бидејќи Ливерпул, Манчестер Сити, Тотенхем и Баерн (М) се исто така заинтересирани.

ИЗДВОЕНИ