Екипата на Манчетсре Јунајтед важи за еден од најголемите клубови во светот, па токму поради тоа нема играч кој е поголем од самиот тим.
Тимот од „Олд Трафорд“ ги претстави своите нови домашни и гостински дресови за сезоната 2025/26, а навивачите веќе можат да ги купат во официјалните продавници на клубот. Сепак, многумина беа непријатно изненадени од ограничувањето што клубот моментално го воведува – имињата на Ерик Кантона, Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо не смеат да бидат печатени на дресовите.
Еден обожавател на платформата „X“ објави дека отишол да купи дрес со својот син, но во продавницата го пречекала порака: „Поради ограничувањата за лиценцирање, не можеме да ги печатиме Кантона, Бекам и Роналдо“.
Овие тројца се меѓу најголемите легенди на клубот – Кантона донесе четири титули откако пристигна од Лидс во 1992 година, Бекам освои шест шампионски титули и беше дел од познатата генерација од 1999 година, додека Роналдо освои три титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите во својот прв мандат со Јунајтед.
Клубот сè уште не објаснил зошто нивните имиња се забранети да бидат печатени. „SPORTbible“, кој прв ја објави статијата, побара коментар од Јунајтед. Може проблемото да е во лиценцирањето. Играчи како Роналдо и Бекам имаат луксузни договори и таканаречени „права на имиџ“, што значи дека е потребна посебна дозвола за користење на нивното име и бренд.
Во меѓувреме, Јунајтед ја започнува својата предсезонска турнеја во САД, каде ќе одиграат неколку натпревари со Вест Хем, Бормут и Евертон. Во тимот е и новото засилување Брајан Мбеумо, кој пристигна од Брентфорд за 71 милион евра.