Од тимот на Ред Бул никако не можат да најдат соодветно решение за второто место во болидот. Тоа место моментно го зазема Јуки Цунода, кој наредната сезона ќе биде заменет од Исак Хаџар, а Јапонецот ќе остане резервен возач.

Сега, Цунода отворено зборуваше за својот напредок во Ред Бул. И покрај веста за замена за сезоната 2026, Јапонецот е горд на она што го постигнал. Тој е поблиску до Верстапен од кој било, иако наскоро ќе биде тест и резервен возач.

На Големата награда на Катар, Цунода беше побрз од Верстапен во квалификациите за спринт, првпат по Азербејџан некој тимски колега успеал да го стори тоа, по Серхио Перез.

  • Особено во последните три трки, тимот многу ми помогна и имав речиси идентичен болид како Макс, и мислам дека докажав многу работи преку тоа. Бидејќи имав идентичен болид, секогаш бев на две, три десетинки, па дури и минатиот викенд во Лас Вегас, од првиот до третиот слободен тренинг, имаше неколку круга каде што бев побрз од него. Мислам дека покажувам што можам да направам и не верувам дека другите на мое место би можеле постојано да возат толку блиску до Верстапен. Барем колку што можам да се сетам од последните неколку години, не сум видел многу возачи способни да направат ваков пробив во средината на сезоната, минувајќи низ многу, многу тешки времиња на почетокот на сезоната. Но да, мислам дека сега е важно да се обидам да му помогнам на Макс во следната трка, порача Чунода.

Инаку, Макс Верстапен се бори за титулата во Формула 1, а на една трка до крајот на сезоната се наоѓа на второто место во генералниот пласман со 12 бода помалку во однос на лидерот Ландо Норис од Мекларен. Последната трка е закажана за Абу Даби в недела со почеток од 14 часот.

 

ИЗДВОЕНИ