Возачот на Ред бул, Јуки Цунода, имаше необичен проблем во текот на трката за Големата награда на Холандија во Зандворт. Јапонскиот возач заврши деветти, освојувајќи ги своите први два бода од Имола, во мај. Тој, исто така, успеа да се пробие меѓу првите 10-мина благодарение на откажувањата на Ландо Норис, Шарл Леклер и на Луис Хамилтон. Сепак, финишот на трката му беше вистински предизвик.
Неговиот болид имаше погрешна мапа на гасот, активирана по последното запирање во боксот, што му одзеде значителна моќност.
Цунода откри дека во еден момент неговиот болид бил толку бавен што дури и безбедносното возило можело да го престигне.
- Не можам да дадам детали, но да, во еден момент безбедносното возило беше побрзо од мојот болид – призна Цунода.