Под влијание на продор на значително потопол воздух од југозапад, во Македонија следува период на значително потопло и променливо време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Особено високи температури за овој период од годината се очекуваат во периодот од 24 до 27 октомври кога максималните дневни температури на воздухот во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. И во Скопје и околината температурата во погоре споменатиот период ќе надминува 20 степени.

Времето, како што пишува Метеоаларм, ќе биде многу променливо со повремен локален дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. И во Скопје  и околината ќе има услови за повремен локален слаб дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.

ИЗДВОЕНИ