Посебно музичко доживување: Јубилеен концерт на Mиле Кузмановски во МОБ – 35 години музичка кариера

37
Foto: P.Stojanovski

Вечерва во Македонска Опера и Балет, во 20:00 часот започна Јубилејниот концерт- 35 години од кариерата на Миле Кузмановски.

Овој наш популарен пејач е познат и по својот препознатлив музички стил, на концертот е придружуван од камерен оркестар за посебна уметничка емоција и уметничко доживување. Воедно, тоа е уште еден доказ за заслуженото позиционирање на Кузмановски на естрадниот фолк-врв во Македонија.

„Типувам на тоа дека хитот „Не кани ме“ ќе го пеам хорски со присутната публика. Убаво е кога ќе остави пејачот таква силна трага на естрадата со некоја песна, која потоа се обнародува. Сè уште имам што да раскажувам со песните!“, изјави предходно пејачот.

Миле Кузмановски е роден на 24 декември 1971 година во Скопје. Има настапувано на речиси сите фестивали во Македонија, а има направено концерти низ целиот свет. Познат е по баладите „Не кани ме“ и „Крал без круна“. Има одражано многу солистички концерти, во 2010 година во Универзална сала – Скопје одржа концерт заедо со Група Академци. Исто така и во 2012 година со Арија Бенд, специјални гости му беа Виолета Томовска, Новица Василевски и Марјан Коцев, и следниот концерт е во 2014 година. Неговата кариера ја одбележа песната „Не кани ме“ чиј автор на песната е Орце Лазаров од Група Академци а текстот го напишал Огнен Неделковски.

Минатата година, Миле ја промовираше песната „Срце храбро“, а официјалната промоција ја направи за одбраните естрадни новинари, кои се неизбежен дел од неговата естрадна кариера. Песната е во духот на староградската и боемска музика. Многу е прифатена од публиката и секако дека ќе ја слушнеме и на претстојниот концерт во МОБ.

 

ИЗДВОЕНИ