Безбедноста на жичницата на Водно е по сите пропишани стандарди. Таа има валиден безбедносен сертификат до 25 септември годинава. Во тек е тековен сервис, кој се врши овој месец.
Направен е вонреден детален технички инспекциски надзор од Министерството за транспорт и врски во кој исто така не беа констатирани технички недостатоци, односно беше констатирано дека жичницата е во исправна и функционална состојба, велат од ЈСП-Скопје како реакција на информациите кои излегоа во јавноста дека е нарушена безбедноста на жичницата и оти подолг временски период работела без дозвола.
По завршување на тековниот сервис кој се врши месецов се гледаме на падините на Водно. Граѓаните повторно ќе го почувствуваат бенефитот од функционирањето на жичницата“, информираат од ЈСП-Скопје.