„ЈП Улици и патишта- Скопје“ во засилена акција за целосно расчистување на кејот на Вардар

87
Фото:ЈП Улици и патишта, фб

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје деновиве спроведуваат засилена акција за чистење на коритото на реката Вардар. Од претпријатието информираат дека во работите е вклучена целата расположлива механизација и дека активностите ќе продолжат сè додека не се изврши целосно расчистување на кејот.

Според снимките и фотографиите од терен, механизацијата го отстранува насобраниот кабаст и земјан материјал од централниот дел на реката, додека рачните екипи се ангажирани на собирање на пластичен и ситен отпад од косините.

„Сите расположливи ресурси на претпријатието се насочени кон расчистување на Вардар. Ќе продолжиме да работиме сè додека не се исчисти целата траса,“ наведуваат од ЈП „Улици и патишта“.

Акцијата е дел од пошироката иницијатива за подигнување на хигиената и уредувањето на јавните површини во Скопје, која ја започна новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Според најавите, вакви активности ќе следат и на други локации низ градот, со цел создавање почисто и поуредено урбано опкружување.

ИЗДВОЕНИ