среда, јануари 21, 2026
Дома СКОПСКА ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ добитник на наградата „Инклузивен работодавач“ на Ability...

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ добитник на наградата „Инклузивен работодавач“ на Ability Awards 2025

110

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ учествуваше на овогодинешните  Ability Awards 2025 – настан кој има за цел да ја промовира инклузијата и да поттикне создавање еднакви можности за сите граѓани.

При тоа, претпријатието се стекна со една од десетте награди што традиционално се доделуваат на институции и организации кои спроведуваат иновативни и инклузивни практики. Станува збор  за признанието „Инклузивен работодавач“, што претставува потврда за континуираните напори на претпријатието да обезбеди достапна и поддржувачка работна средина за сите.

Директорот на претпријатието, Душко Коцевски во своето обраќање истакна: „Во нашето претпријатие, лицата со попреченост не се бројки или формалност. Тие се наши колеги, наши соработници и важен дел од тимот.Работат во повеќе служби и секојдневно покажуваат дека професионалноста, посветеноста и одговорноста се вредности кои не познаваат ограничувања.“

Дополнително беше потенцирано дека инклузијата во претпријатието не се ограничува само на вработувањето, туку и на услугите што континуирано им ги обезбедува на граѓаните со попреченост. Тие имаат можност да аплицираат за паркинг-дозволи во текот на целата година и да користат највисоки привилегии во системот на паркирање, а бројот на резервирани паркинг-места се адаптира и зголемува согласно реалните потреби – честопати и над законскиот минимум.

-Горди сме што обезбедуваме достоинствен пристап до услугите за сите. Но најмногу сум горд на тимот што секојдневно покажува колегијалност, разбирање и човечност – вредности што нè прават пример за инклузивна и современа јавна институција. Оваа награда ја прифаќаме како обврска да продолжиме уште посилно – да отвараме нови можности, да рушиме бариери и да создаваме општество во кое секој може да учествува рамноправно – изјави Коцевски.

ИЗДВОЕНИ