ЈП Национални шуми доби донација од ОКТА – дрон со кој ќе може рано да се откриваат пожари.
– Во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари значително се зголемува, компанијата ОКТА започнува активна соработка со Јавното претпријатие Национални шуми за превенција од пожари на отворено. Во рамки на оваа соработка, ОКТА донира дрон со специјализирана технологија за рана детекција на пожари, кој ќе им биде ставен на располагање на теренските екипи на ЈП Национални шуми. Дронот ќе ја зголеми ефикасноста во мониторирањето на шумите и ќе овозможи брза реакција на надлежните институции во критичните региони – велат од ОКТА.
Паралелно, ОКТА, во партнерство со ЈП Национални шуми, иницира превентивни едукативни активности под слоганот „Пази што правиш! За пожар малку треба!“, кои имаат за цел да ја подигнат јавната свест кај граѓаните за опасностите од невнимателно однесување – одложување отпад на отворено, палење огнови, палење стрништа и непочитување на прописите за безбедно однесување во природа.
– Заштитата на шумите е заедничка одговорност, а превенцијата – најмоќното средство против катастрофи – изјави главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос.