сабота, јануари 31, 2026
Дома СКОПСКА ЈП „Комунална хигиена“ казнето со 88.000 евра

ЈП „Комунална хигиена“ казнето со 88.000 евра

128

Општина Аеродром му изрече прекршочна казна во износ од 88.000 евра на  јавното претпријатие „Комунална хигиена“ поради континуирано нефункционирање, несоодветно собирање на отпад и негрижа за јавната хигиена на нејзината територија.

– Оваа санкција не е политичка, туку институционална и е резултат на утврдени пропусти во работата на претпријатието. Нема да дозволиме Аеродром да биде заложник на нечија неспособност и неодговорност – истакна в.д. градоначалникот на Општина  Аеродром, Дејан Митески.

Тој ги повикува надлежните да ги преземат сите потребни мерки и конечно да почнат да работат во интерес на граѓаните.

– Ќе продолжиме со засилен надзор и санкции за секој што не ја извршува својата работа. Аеродром заслужува чиста, уредна и достоинствена животна средина – порача Митески.

ИЗДВОЕНИ