Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, им додели 41 стипендија на спортистите од оваа општина. Единаесет стипендии се во висина од 3.000 денари, 21 спортска стипендија во висина од 4.000 денари, седум стипендии во висина од 5.000 денари и по една стипендија од по 6.000 и 7.000 денари им беа доделени на штипски спортисти.
Од Општината информираат дека покрај успесите во спортот, услов за доделување на стипендијата бил и спортистите да бидат и одлични ученици. Пристигнати биле преку 60 апликации.
– Во име на транспарентноста на целиот процес беше формирана комисија составена од неколку членови, претставници од Советот на Општина Штип, претставници од новинарите, претставници од вработените во рамки на локалната самоуправа од Одделението за спорт, кои ги разгледаа сите апликации – рече Јорданов.
Оваа мерка на Општина Штип е голема поддршка за младите спортисти, кои ќе имаат многу поголем мотив во иднина да продолжат за уште поголеми успеси.