Јордан Митев со гордост зборува за своето минато

98

Како дете со брат му береле тутун, а на Дојран му се радувале како да се на Малдиви! 

Еден од најпопуларните македонски фолк пејачи Јордан Митев кој публиката најчесто го препознава по мегахитот “Наздрави за љубов“ (Наздрави за љубов, наздрави за среќа, наздрави за секој ден                                                                                        животот е еден,
и тој не е вреден
ако не го живееш….) ќе оддржи голем концерт на 18-ти јули во Охрид во добро познатиот “Кадмо-бич“. Ќе биде тоа, како што ветува омилениот пејач на вљубениците на македонската новосоздадена песна фолк песна, вечер исполнета со музика во живо покрај Езерото.  Тој од скоро има и нова песна “Ех што имам брачеди“, која е со претензии да стане хит.

Но некогаш во најраната младост Митев не беше тоа што е денес. Потекнува од сиромашно селско семејство од радовишкиот Подареш. Со гордост тоа го истакнува. Не крие. Корените за него се нешто свето. И во право е Јордан. И ако не бил од богатите, неговото детство било исполенто со многу взаемна семејна љубов.                                – Каква Хургада, какви Сејшели, Грција, Турција или не знам каде. Во текот на летните месеци берев тутун, па морав да работам. Како дете со моите родители и брат ми единствено место за одморот и тоа на три ни беше Дојран. Затоа што летно време се береше тутунот, а на жешките 40 степени ако тутунот го оставите една недела да не го оберете, тутунот ќе изгори од сонцето.

Скромниот Јордан нагласува дека за него и брат му Дојран беше како Малдиви.            – Ние толку бевме среќни и тоа на 3 дена во Дојран, не на четири. Многу се!             Така да  јас пораснав скромно, но со високо изградени човечки вредности кои ми беа пренесени од моите чесни родители. Во ова денешно време скоро и да нема веќе така воспитани деца. Парите им се главном единствениот интерес. За голема жал!

Јордан повеќе од шест години живее со убавата Славица која е по потекло нашата Македонка од Австралија и со нема ја имаат ќерката Кристина. Така да на Јордан сега му е мошне добро на душичката, како што пее и во песната. Само така и нека остане.   (Д.М.) фото:Инстаграм

 

.

ИЗДВОЕНИ