Митев е обожуван и од своите соседи, од селото Подареш. Сите за него имаат само убави мисли, а Јордан секогаш со задоволство истакнува дека во неговиот роден крај му е најубаво. Тука живеат и неговите родители. Тој во куќата вложил доста финансии, како и на поширокото семејство би му обезбедил добар живот. Вистински син!
Песната ,,Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ со популарниот Јордан Митев не излегува од модата, постојано се слуша на сите страни, не само во Македонија туку и во македонската дијаспора. Стана голем хит без кој не можа да помине ниедна прослава, ни една свадба, ни една седенка. Ни Нова година!!!
Темелите на неговата кариера беа поставени со првиот аудио албум со насловот “Македонски везови”.Народот го обожава и поради неговата народна “жичка“ со која е секогаш достапен за другарување, пеење, пријатни муабети. Нема трошка од ароганцијата. Можат да го изнервираат само трачевите. Но, озборувањето го смета за издувен душевен вентил на оние кои немаат што да прават во текот на денот, па да не им е здодевно си измислуваат. Митев е обожуван и од своите соседи, од селото Подареш. Сите за него имаат само убави мисли, а Јордан секогаш со задоволство истакнува дека во неговиот роден крај му е најубаво. Тука живеат и неговите родители. Тој во куќата вложил доста финансии, како и на поширокото семејство би му обезбедил добар живот. Вистински син!
Неговата понежна половина Славица е родена во Австралија и тие можеа да останат да живеат таму, но и двајцата одлучија своето гнездо да го имаат во Македонија. Славица го освоила со нејзината природна убавина, скромност и добродушност. Средно музичко, Јордан завршува во Штип, а потоа и Факултетот за музичка уметност. Свири повеќе инструменти како хармоника, пијано, кавал, гајда, а од овие инструменти најдрага му е хармониката.
-Секој инструмент си има своја убавина. Јас би ја издвоил хармониката.
Јордан пред неколку месеци по втор пат се оствари во улога на татко, кога му се роди синот Кристијан. И тоа на големиот христијански празник Крстовден, па од тука синот си го доби името Кристијан. – Господ нека дарува ваква радост во секој дом, порача тогаш популарниот пејач.
Јордан и Славица ја имаат и ќерката Кристина, која се роди пред две години во Австралија, додека пејачот беше на турнеја во оваа далечна земја. Нејзе тој ѝ посвети песната ,,Ќерка”. Тие ќерката ја добија по шест години брак, а Јордан во една пригода за своето татковство изјавил:
-Господ ни подари прекрасна ќеркичка. Поголемите турнеи јас ги планирам најмалку 2 години однапред, па така за да не ги поместувам професионалните планови, сопругата дојде со мене во Австралија и таму се породи со малата. Најинтересное што назад во Македонија се вративме тројца. Сега вистински уживам во дуплото татковство, родителството. Тоа е едно посебно чувство. Апсолутно сум посветен на децата. Со саати ги гледам, заедно се играме, смееме, радуваме. Срцето ми е полно, а тие ми се смислата на мојот живот!
Митев за самиот дочекот на Новата 2026-та година ќе пее и ќе наздравува во Швајцарија на 31-ви декември. А, наредната вечер на први јануари во Италија. Пред тоа кај нас во Битола на 25-ти декември. Потоа, на 14-ти и 15-ти февруари ќе гостува во Канада, по повод верските празници на виното и љубовта, Свети Трифун и Свети Валентин. Додека на 28-ми февруари во Австрија ќе настапи во пресрет на Осмомартовската забава. Растргнат е на сите страни, се разбира дека е за добрите хонорари, од тоа живее, а тоа доликува на неговата популарност. (Д.М.)












