– Добре дојде, Кристијан! Вака весело, до сите свои обожаватели, роднини, пријатели и новинари, се обрати популарниот македонски фолк-пејач Јордан Митев, кој завчера доби наследник, син. И тоа на убав свет ден – Крстовден. Небото се отвори за благослов во нивното семејство во кое има веќе девојче.
– Со срце како планина, како татко му Јордан, и со љубов кон татковината како мајка му Славица, нека расте силен, праведен и горд Македонец. Нека му биде животот исполнет со радост, здравје, љубов и светлина. Нека секој негов чекор биде благословен, а секој негов сон остварен.
„Кристијан, ти си нашата иднина, нашата гордост, нашето срце, порача среќниот татко Јордан Митев, додека многу емотивно ја пееше својата најслушана песна: ’Наздрави за среќа, наздрави за живот, наздрави за секој ден… Животот е еден и тој не е вреден ако не го живееш, има Господ, гледа сè, тој мисли добро за тебе’“. (Д. М.)