Уште една историска ноќ за Никола Јокиќ, кој покажува дека, можеби, е во формата на својот живот, бидејќи ужива во „новиот Денвер“. Па така, по 35. поени што му ги даде на Сакраменто, сега постигна уште 55 во победата против Лос Анџелес клиперс, со 130:116 и, тоа за малку повеќе од три четвртини, бидејќи поголемиот дел од последната четвртина го помина на клупата. Тој даде 25 поени само во првата четвртина, на крајот од третата имаше на 52 и ова е неговата конечна статистика за 33. минути на паркетот: 55 поени, 12 скока, шест асистенции, една украдена топка и една блокада со две загубени топки.
Со статистиката против Сакраменто, тоа значи дека постигнал 90 поени за 24 часа, со само осум промашени шута од поле (34/42).
Резултати: Шарлот – Милвоки 111:100, Детроит – Чикаго 124:113, Њујорк – Орландо 107:124, Бостон – Мемфис 131:95, Мајами – Кливленд 116:130, Хјустон – Вашингтон 135:112, Њу Орлеанс – Портланд 117:125, Сан Антонио – Голден стејт 120:125, Далас – Феникс 114:123, Оклахома – ЛА Лејкерс 121:92, Сакраменто – Атланта 100:133, ЛА Клиперс – Денвер 116:130.











