Вториот натпревар од полуфиналето на Западот заврши со дебакл на Денвер откако Оклахома не дозволи ново изненадување и славеше дома со 149:106, за 1:1 во серијата до четири добиени.
Никола Јокиќ, по феноменалниот настап на првиот натпревар, беше исклучен во вториот поради шест лични грешки на крајот од третата четвртина. Пред тоа, тој доби техничка грешка поради остра критика кон судиите. Беше исклучен поради премногу офанзивни прекршоци. Во таа четвртина од мечот, тој направи дури четири прекршоци. Минута пред крајот на третата четвртина, судијата му сигнализираше дека е завршена играта за него.
Јокиќ го заврши натпреварот со 17 поени (6/16 шут од игра), 8 скока и 6 асистенции, што е далеку под неговиот просек во сите категории. Од друга страна, имаше и шест загубени топки. Статистички кажано, тој го одигра својот најлош натпревар во НБА, во својата кариера.
- Само еден тим играше вечерва. Дури и промашувањата, загубените топки… Тие беа многу подобри од нас и затоа резултатот е толку ужасен за нас. Сите знаеме што се случи и дека не го сакавме ова. Мора да бидеме подобри. Не треба да го заборавиме овој натпревар, треба да бидеме подобри, да видиме што направивме на првиот натпревар, а што не во вториот и да извлечеме поука од тоа – истакна Јокиќ.
Сега, серијата се сели во Денвер, каде што се играат следните два натпревари, а првиот е на програмата ноќта в петок кон сабота.
Од друга страна, Њујорк никс го победи Бостон со 91:90 на вториот натпревар на гости во рамките на плејофот во Источната конференција. Со неверојатен пресврт, Никс славеше по втор пат, иако имаше заостанување од 20 поени, а потоа следуваше аларм.
Имено, по мечот во „Ти-ди гарден“ во Бостон, се вклучи противпожарниот аларм, што доведе до евакуација на салата. Службениците од „Ти-ди гарден“ подоцна објавија соопштение во кое се наведува дека бил активиран алармот, дека никој не е повреден и дека причината за инцидентот сè уште е се испитува.
Алармот се вклучи кога одговараа Џален Бренсон и Џош Харт од Њујорк на прашања од новинарите, на прес-конференција. Во истиот момент кога ја заврши Џејлен Браун од Бостон својата презентација, претставниците на клубот и обезбедувањето ги насочија медиумите кон излезите. Поради евакуацијата, планираното интервју на Џејсон Тејтум беше откажано.