epa11306034 Los Angeles Lakers forward Rui Hachimura gets defensive against Denver Nuggets center Nikola Jokic (L) during the first half of the NBA playoffs round one, game four between the Denver Nuggets and Los Angeles Lakers in Los Angeles, California, USA, 27 April 2024. EPA/ALLISON DINNER SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на Денвер одиграа два натпревара во претсезоната. Прво, загубија од Минесота (126:116), а два дена подоцна го победија Торонто (112:108). Стартната петорка на Денвер нагетс изгледаше малку за`рѓано во првите минути од првиот претсезонски натпревар, но два дена подоцна, сè изгледаше поинаку.

Иако продолжија да се таложат грешките, српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше шест, играта во нападот беше многу пофлуидна, со повеќе движење и со побрз проток на топката, според „Денвер пост“, кој подетално го анализираше тимот на Дејвид Аделман.

– Пејтон Вотсон и Кристијан Браун донесоа паметни одлуки во улогата на врска во нападот (Вотсон почна на местото на Арон Гордон, кој одмораше, како мерка на претпазливост). Кам Џонсон ја имаше повеќе пати топката во рацете отколку на првиот натпревар од претсезоната и уште во раните фази од играта покажа иницијатива. Кога не можеше да ја стави топката под Јокиќ, реши самиот да го нападне рекетот, потоа му асистираше на Вотсон и повторно се отвори за чиста тројка од корнер – истакнува „Денвер пост“.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше централна тема и повторно кошаркарскиот свет полуде по неговите асистенции.

– А, Јокиќ? Тој беше во својот препознатлив експериментален режим. Неговите додавања повторно изгледаа како уметнички дела: едното изведено странично и без да се гледа, како брза бејзбол топка околу основната линија директно во рацете на Џонсон, во аголот (кој го промаши шутот), додека другото – над неговата глава, наназад, во обид да најде соиграч за трчање, заврши целосно надвор од теренот. Но, тоа е поентата на претсезоната, времето кога Јокиќ пробува сè што може да му падне на ум – се вели во текстот на „Денвер пост“.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ