Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Никола Јокиќ, доби брутални навреди од поранешниот кошаркар, а денес филозоф и општествен аналитичар, Љубодраг Симоновиќ-Дучи.

Во текот на гостувањето во емисијата „Балкан инфо“, Симоновиќ брутално ја нападна српската и светска кошаркарска ѕвезда, што донекаде е и оправдано. Тој тврди дека Јокиќ ѝ е слуга на мафијата и дека заработува многу пари уништувајќи ги српските деца.

Симоновиќ одржа огромен говор за кошаркарот на Денвер нагетс и изнесе навистина скандалозни тврдења.

  • Што се однесува до Јокиќ, тој намами илјадници млади луѓе во казината. Тој е главен рекламен агент на казината, мафијашки банди што владеат со нашата земја денес. Дали некој го спомена тоа?. Тој дојде во Белград за да земе големи пари. Зеде големи пари од рекламите на казината. И затоа е главен агент во Србија денес, главен рекламен агент. Никој не кажа ни збор за тоа. Тој веќе намами илјадници млади луѓе во казината, користејќи ја својата спортска слава. Зема 240 милиони долари во САД, што е неверојатна сума. И зарем не му е доволно тоа, човеку? Купи куќа со 29 соби, купи „ролс-ројс“, најнов „мерцедес“, некој специјален, купи „ламборгини“. Човек од мал град, кој до вчера возеше велосипед – истакна Симоновиќ.

Популарниот Дучи им порача на Србите дека мора да го критикуваат Јокиќ за тоа што ја уништува младината на таа земја.

  • Секој што има мозок и се грижи за Србија и за нашиот народ ќе има критички став кон Јокиќ, кој ја уништува нашата младина. Тој е професионален убиец на нашата младина – додаде поранешниот кошаркар.

На крајот, Симоновиќ даде заклучок.

  • Тој ги сака коњите, но ги мрази нашите деца. Затоа што ако ги сакаше, немаше да ги влече во казината и немаше да му биде важно дали ќе победи неговиот коњ на натпревар. Доби толку многу пари што можеше да купи 10 фарми за коњи. Тоа е ужасно, човеку! Тоа е таква патологија што не е нормално – заврши поранешниот кошаркар на Слога од Краљево, Црвена звезда, Бамберг и на Стара Пазова.

Инаку, Симоновиќ е двократен шампион на Југославија, три пати го освои Купот, го освои купот Сапорта, а со репрезентацијата на поранешната заедничка држава го освои светското злато во 1970 година и два сребрени медала на Евробаскетот.

Инаку, и нашите спортски легенди како Кирил Лазаров и Горан Пандев своевремено беа дел од рекламирањето обложувалници, поради што наидоа на удар од македонската јавност.

ИЗДВОЕНИ