Иако селекторите на Словенија, Србија и на Грција сè уште не го објавиле списокот со играчи за Европското првенство и не се знае дали ќе настапат со своите најголеми ѕвезди како Лука Дончиќ, Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо, сепак американскиот новинар Иван Сидери, кој работи за „Форбс“, го даде одговорот.
- Никола Јокиќ, Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ ќе играат за своите репрезентации на претстојното Европско првенство – напиша Сидери на X.
Европското првенство е закажано од 27 август до 14 септември, во четири земји.
Србија е во групата А, со селекциите на Летонија, Турција, Португалија, Чешка и на Естонија, Дончиќ со својата Словенија е во група со Франција, Белгија, Израел, Полска и со Исланд, додека Адетокумбо и Грција ќе разигруваат со Италија, БиХ, Кипар, Шпанија и со Грузија.