Секако дека покрај песните, успехот го забележува и со најновите тетоважи, кои можеме да му ги видиме и на рацете. Обожува тетоважи, па како таков Јоце привлекува големо внимание кај публиката, особено кај жените!
Само неколку дена по премиерата на спотот за песната „Нема жена како тебе“, која беше топло прифатена од публиката, Јоце Панов повторно ги изненадува своите обожаватели. Овојпат, без рефлектори, во домашна атмосфера, седнат покрај клавир, тој сподели три нови видеа (со песните) на социјалните мрежи, отворајќи уште една од своите многубројни интересни музички приказни.
И покрај интензивните подготовки за концерт „Македонска Филхармонија 2“ – концертот кој Јоце Панов го најавува како проект што ќе прерасне во убава музичка традиција и кој ќе се одржи на 18 март – македонскиот поп-пејач покажува дека не запира.
Тој и со другата песна „Алкатраз“, за која вели дека е исклучиво силна „машка“ песна, пее за борбеноста, истрајноста и подготвеноста на секој маж да оди до крај кога станува збор за искрената љубов кон жената.
Во третата песна „Нема ме више“ испеана на српски јазик, Панов ја презентира емотивната нота по која е често препознатлив. Тоа е убава љубовна балада исполнета со чиста меланхолија. Сите овие песни ќе ја имаат и својата официјална промоција во живо, токму на концертот „Филхармонија 2“ во Скопје. Со ваков континуитет на нови идеи и проекти, Јоце Панов уште еднаш потврдува дека е еден од оние кои постојано имаат силна музичка енергија.
Секако дека тоа се однесува и на неговите најнови тетоважи, кои можеме да му ги видиме и на рацете. Обожува тетоважи, па како таков Јоце привлекува големо внимание кај публиката, особено кај жените. Се на се, тоа му е воедно и мотивација за нови успеси и настапи, како дома во Македонија, така и во соседна Србија. (Д.М.)












