Многу популарниот поп-пејач, Јоце Панов, кој е по потекло од Штип, а веќе долго време е со адреса на живеење во Скопје, неодамна ја сподели со своите обожаватели тажната приказна за својот живот пред да се ожени за згодната Марина и пред да стане грижлив татко на синот Лука.
– Родителите ме чекале со голема страст и радост. Пред мене, немале среќа, мајка ми останувала бремена, но не успевала докрај. Излегува дека јас сум осмото дете што е зачнато и прво што е родено на овој свет. По мене, се родиле брат ми и сестра ми – вели Јоце со тага во гласот.
Уште потажно е што почина мајка му пред речиси осум години. Татко му пред неа, од мозочен удар, мошне млад, на 49 години.
– Мајка ми почина во 2017 година. Често доаѓаше кај мене во Скопје. Кога ѝ се слоши таа ноќ, се погоди да биде во Штип, со брат ми. Ми се јави, дека многу ѝ се качил шеќерот и дека ја однеле во болница. Не можеле да ја спасат. Почина на пристојни години, на 63, ама тоа не се некои години, можеше уште да живее, да им се радува на снаата, на внучето, на секој нов ден…. Не ја дочека ниту мојата свадба, на која, поради големиот притисок од емоции, не можев да се воздржам, па заплакав. Пеев една тажна песна. Поради силната тага за мајка ми. Да беше жива, многу ќе му се радуваше на својот син, кој стана семеен човек.












