ЈКП „Илинден“ доби нова противпожарна опрема и опрема за одржување на јавната чистота

16

Набавена е нова противпожарна опрема за потребите на ЈКП „Илинден“. Притоа се обезбедени 15 противпожарни метли и 10 грбни прскалки за гаснење пожари, како и нова опрема за одржување на јавната чистота: моторни косилки – тримери, моторна пила, бензинска косилка и моторна прскалка – дувалка.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека континуираното обновување на механизацијата и на опремата е клучно за брзо, квалитетно и ефикасно извршување на комуналните услуги. Тој нагласи дека набавката на противпожарна опрема е од особена важност бидејќи значително го зголемува капацитетот за помош при интервенции во случај на пожар.

–Јавното комунално претпријатие „Илинден“ и понатаму ќе продолжи да ги извршува своите редовни надлежности за собирање и транспортирање на комунален отпад, одржување на јавната чистота, уредување на парковите и на зелените површини, одржувањето на улиците, сообраќајниците и пешачките патеки, како и на јавното осветлување. Со новата опрема, ЈКП „Илинден“ ќе  може, исто така, уште поактивно да учествува и да помага при гаснењето пожари, со што ќе придонесе за поголема безбедност и за заштита на граѓаните и на јавните површини – соопштија од Општина Илинден.

ИЗДВОЕНИ