ЈКП „Гази Баба“ се поднови со механизација

232

Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“ се поднови со механизација. Станува збор за специјализирано возило за метење и миење јавни површини и за теренско товарно возило, со што, како што беше наведено на вчерашната промоција, продолжува континуираниот процес на модернизација и зајакнување на капацитетите на претпријатието.

– Новото специјализирано возило ќе даде значителен придонес кон зголемување на чистотата на јавните површини, преку редовно метење на улиците, особено во урбаните средини. Додека теренското товарно возило ќе биде ставено во функција на интервенции на терен во руралните делови на Општината, каде што ЈКП „Гази Баба“ е надлежно за одржување на водоводната и на канализациската инфраструктура – соопштија од Општина Гази Баба.

Во изминативе четири години, во ЈКП „Гази Баба“ беа набавени возила за чистење, машини за одржување на јавните површини, товарна механизација, алати за интервенции во водоводниот и во канализацискиот систем, отворена е работилница со најсовремен алат, како и заштитна и работна опрема за вработените.

ИЗДВОЕНИ