Концертот на поп-пејачката Јелена Томашевиќ во Бар беше прекинат вечерва откако уметницата одеднаш се струполи на сцената на Културниот центар.
Иако салата беше преполна, публиката успеа да слушне само една песна.
За време на изведбата на втората песна, Јелена Томашевиќ одеднаш падна на колена, по што членовите на бендот истрчаа на помош и ја изнесоa од сцената.
Пејачката веднаш беше пренесена во Итната медицинска помош, а организаторите ја информираа публиката дека концертот се откажува поради влошување на нејзиното здравје.
Од тимот на Томашевиќ велат дека таа sega се чувствува добро и наскоро ќе се врати да се дружи со публиката.
– Ви благодарам на сите за вашата загриженост и бројните пораки за поддршка. Во деновите пред концертот, Јелена имаше вирус и се чувствуваше малку лошо. Сепак, водена од големо почитување кон публиката и желбата да го одржи договорениот настап, таа одлучи да се качи на сцената. За жал, поради нејзината здравствена состојба, не можеше да го заврши концертот.












