Паметно ги вложија парите!
Пред некоја летна ноќ, во Античкиот театар во Охрид, уживавме во успешниот концерт на популарната српска поп-пејачка Јелена Томашевиќ, која, веднаш по настапот, брзаше што побрзо да стигне до својот неодамна купен апартман во Грција. Таа и нејзиниот сопруг, актерот Иван Босиљчиќ, што значи дека не се разведени, иако ги озборуваат за тоа, паметно ги вложија заработените пари во скапоцен, луксузен покрив над главата – на самиот брег на топлото Егејско Море. На Иван му е многу мило што нивниот апартман е во близина на Света Гора, бидејќи е голем верник, а на Јелена што најпосле си ја исполни овоземната желба да живее барем седум-осум месеци (со мештаните) на море. Да го почувствува тој секојдневен морски живот. Ете така работат паметните, но и снаодливите, со парите. Недвижностите никогаш не пропаѓаат, а особено големо задоволство се за сите сетила кај оние крај големата сина солена вода. Сега Јелена и Иван го имаат тоа за себе. (Д. М.) фото:Инстаграм