Јелена Спенџарска: “Заминав од Македонија во Брисел, учејќи како чекор по чекор да вложувам во себе“

78

Популарната македонска ТВ-водителка (и, новинарка), Јелена Спенџарска, која инаку ја гледаме во Утринската програма на телевизија Канал 5, деновиве ги спакува куферите и замина за Белгија. Таму Спенџарска е дел од „Контент креатор самит“, настан што ги обединува најуспешните креатори на содржини од целиот свет. Таа, воедно, искрено се потсети на својот почеток во телевизијата, на патот што трнливо го одела речиси сè до денес:

„Се враќам назад и се потсетувам како започна сето ова. Првите објави, првите видеа… и првите цинични коментари: ‘Што се замислува оваа?’, ‘Што глуми лудило’, ‘Ова ли е таа работа со која на главата ни се качи?’ ‘До кога мисли да ги напнува луѓето’ – сето тоа го слушав и бев разочарана. Никој не ме сфаќаше сериозно. Но, јас бев тврдоглаво упорна. И еве ме, стигнав на ’Контент креатор самит’, меѓу луѓе од целиот свет. Јас постојано учам, вложувам во себе и ја претставувам мојата Македонија“, вели секогаш борбената Јелена.

Наредните неколку дена ќе престојува во Брисел, а причината за ова патување пријатно ги изненади нејзините следбеници на социјалните мрежи. Од девојка што „само се слика“, до личност што гради кариера во индустријата на иднината.

– Никогаш не дозволувај туѓите ограничувања да станат твои граници. Твојата визија не треба да им биде разбирлива на сите – доволно е ти да веруваш во неа. Денес сум горда што се изградив сама, чекор по чекор. Ова е само почеток кон моите понатамошни успеси, напиша оптимистички Спенџарска. (Д. М.)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ