Јелена Розга на 29. јули во балканскиот Ерусалим – со „Минут срца мог“ во магичен амбиент на Античкиот театар    

92

Со песната ќе го разбранува синото Охридско „Море“!                                        Една од моментно најпопуларните соло пејачки на просторот од Вардар до Триглав, на 5.06. во 13.00 часот во скопскиот хотел „Мериот“ ќе одржи голема прес-конференција. Причината за другарувањето со новинарите, муабетот со претставниците на седмата сила од Македонија, е големиот солистички концерт на сплиќанката Розга во нашиот убав Охрид!

Јелена Розга, сплитската музичка суперѕвезда и некогашната пејачка на поп-составот „Магазин“, една од моментно најпопуларните соло пејачки на просторот од Вардар до Триглав, на 5.06. во 13.00 часот во скопскиот хотел „Мериот“ ќе одржи голема прес-конференција. Причината за другарувањето со новинарите, муабетот со претставниците на седмата сила од Македонија, е големиот солистички концерт на Розга, кој ќе се случи ова жешко лето во балканскиот Ерусалим, нашиот убав Охрид.По седумте распродадени и успешни концерти во српскиот Сава центар, во Белград, балканската музичка ѕвезда Јелена Розга пристигнува во Македонија! Во Охрид!                                                                                    На 29. јули ќе ги отпее најголемите хитови: „Минут срца мог“, „Нирвана“, „Ја добро знам што ми је“, „Роба с грешком“, „Бижутерија“, „Дај шта даш“, „Не пијем, не пушим“, „Размажена“ или во преводот „Разгалена“. А, дека сите ќе нè разгали со овие хитови и со својата сексапилна физичка појава, во тоа да не се сомневаме. Тоа значи дека ни претстои една убава, топла летна медитеранска ноќ на брегот на нашето „море“, Охридското Езеро, за кое и самата пејачка честопати има кажано најубави искрени зборови.

Под светлината на ѕвездите и во магичниот амбиент на Античкиот театар, над Езерото и стариот град, Розга се подготвува заедно со Гудачкиот оркестар да приреди незаборавна музичка двочасовна забава. Токму од оние што ги создава и кај неа дома, на јадранскиот брег. Затоа ќе се сложите со нас дека тоа ќе биде концерт (во организација на „Ивентум“), кој не смееме да го пропуштиме! Најмногу и поради заедничките емоции кон музиката на раскошниот Медитеран и убаво пријатната Јеле!  (Д.М.)

 

 

ИЗДВОЕНИ