„Мала од скандала“! Дека така треба да се ужива во животот, Јелена го потврди и со најновите фотографии, кои се чиста провокација за машки очи. Облечена или подобро кажано, соблечена во минималните крпчиња (шарени и зелени) кои одвај ја покриваат нејзината интима!
„Мала од скандала“, пејачката Јелена Карлеуша „пет пари не дава“, што се вели, за бруталните вербални напади што ѝ ги праќаат голем број нејзини сограѓани по повод насилничките улични демонстрации во Србија. Напротив! Сосема е релаксирана, па си зеде неколку слободни денови, заминувајќи во Црна Гора на Јадранско Море, каде (по разводот со фудбалерот Дуле Тошиќ), „кулира“ со своето (нај)ново момче, кошаркарот Никола Јовановиќ.
Дека така треба да се ужива во животот, Јелена го потврди и со најновите фотографии, кои се чиста провокација за машки очи. Облечена или подобро кажано, соблечена во минималните крпчиња (шарени и зелени) кои одвај ја покриваат нејзината интима, веселата пејачка испраќа весели поздрави со четири кренати прста од една луксузна јахта.
Многумина не само што ѝ се восхитуваат што знае да биде релаксирана и провокативна туку на Јеца ѝ порачуваат да стави уште некоја од ваквите фотографии. По можност во топлес. А, ова што е? Демек не е топлес со три „милиметри“ од костимот за капење! (Д.М.)