Жива вистина е дека сексапилната “мала од скандала“ пејачката Јелена Карлеуша по разводот со српскиот фудбалер Душко Тошиќ, има ново момче. И пак е спортист, овојпат кошаркар. Станува збор за Никола Јовановиќ кој од Јеца е помлад за цели 16 години. Што е многу е многу. Па, сепак нивната љубов цути. Сега за сега во занос. Колку ќе издржат, ќе видиме.
Никола својата интернационална среќа ја побарал во НБА лигата, каде што прво играл за Детроит, а потоа за Лос Анџелес-Лејкерси. Во февруари 2023 година, потпиша за белгиски Остенде, па се пресели во Антверпен Џајантс, каде што сè уште игра. А, во меѓувреме заигра и кај згодната Карлеуша. Само да не потрае едно лето, ова сегашното, жешко, како што им се жешки и фотографиите на Никола и Јелена. (Д.М.)