среда, февруари 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Јавното обвинителство вложи жалба на одлуката за куќен притвор за двајца обвинети

Јавното обвинителство вложи жалба на одлуката за куќен притвор за двајца обвинети

116

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”.

Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка .

Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита.

ИЗДВОЕНИ