недела, февруари 1, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Јавниот долг под 60 отсто од БДП

Јавниот долг под 60 отсто од БДП

18

Јавниот долг на државава заклучно со 31 декември 2025 година изнесува 59,6 проценти од Бруто домашниот производ (БДП), објави Министерството за финансии.

Според министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, овој износ на јавниот долг е јасен и силен показател за заложбите за стабилни јавни финансии и фискална консолидација, а воедно значи и почитување на Мастришките критериуми, според кои јавниот долг треба да биде под 60 проценти од БДП.

Министерката за финансии појасни дека пониското ниво на јавниот долг во однос на очекувањата се должи, пред сè, на внимателното трошење на расходната страна во рамки на централниот буџет, но и на контролираното и фазно повлекување на кредитните средства од страна на јавните претпријатија. Во тој процес, посочи дека значајна улога имаат Секторот за буџети во Министерството за финансии, кој континуирано ги следи финансиските состојби и извештаи на овие друштва, како и Секторот за меѓународни финансии, преку кој се реализира повлекувањето на средствата.

За оваа година, очекувањата се дека може да има и одредено надминување, бидејќи треба да започне со целосна примена системот Е-фактура.

Според податоците од Министерството за финансии, јавниот долг на крајот на 2025 година изнесува 10,064.1 милиони евра, при што надворешниот јавен долг изнесува 4,493.9 милиони евра, а внатрешниот јавен долг 4,570.2 милиони евра. Државниот долг заклучно со крајот на 2025 година изнесува  538,253.1 милиони евра односно 51,8 проценти и бележи намалување во однос на претходната година за 1,2 п.п.

 

ИЗДВОЕНИ