Јавна презентација за проектот „Гасовод помеѓу Македонија и Грција на територијата на Македонија“

40

Во општина Гевгелија, утре, во Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“ во Гевгелија, во 11 часот ќе биде одржана детална Јавна презентација за Проектот: „Гасовод помеѓу Македонија и Грција на територијата на Македонија“.

Презентацијата е во организација на Акционерско друштво за вршење енергетска дејност – пренос на природен гас „Номагас“– Скопје во државна сопственост, а во соработка со Општина Гевгелија.

Од Општина Гевгелија информираат дека главната цел на повторната јавна презентација е граѓаните и деловните субјекти од општина Гевгелија, како и пошироката јавност, да се запознаат со деталите за проектот, неговото значење, како и со планираните технички решенија и активности на подрачјето на општината и територијата на нашата држава.

Оттаму ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, компании и организации да присуствуваат на јавната презентација и активно да се вклучат во процесот, како дел од заложбите за транспарентност и вклучување на јавноста во процесите од областа на енергетиката.

 

ИЗДВОЕНИ