НН: НОВА МОЖНОСТ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА АПСОЛВЕНТИТЕ
Н: Јавен повик за практична работа во Општина Центар
Во тек е вториот јавен повик за практична работа во Општина Центар, информира градоначалникот Горан Герасимовски. Повикот ќе биде отворен до 20 јули, а може да се пријават студенти и апсолвенти од Градежниот и од Архитектонскиот факултет. Тие ќе започнат со работа на први август и во текот на шест месеци ќе добиваат паричен надоместок од 15.000 денари.
Практикантската работа ќе започне на 1 август. Практикантството ќе се реализира во секторите на Општината, согласно со можностите и потребите на општинската администрација.