петок, јануари 30, 2026
Дома СКОПСКА Јавен повик за граѓански организации – ReLOaD3

Јавен повик за граѓански организации – ReLOaD3

13

Општина Аеродром, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објави Јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3).

– Програмата има цел да го зајакне партнерството меѓу општината и граѓанските организации преку транспарентна поддршка и поголемо учество на граѓаните во креирањето јавни политики – соопштија од локалната самоуправа.

Приоритетни области за проекти: заштита на животната средина и климатски промени, социјална инклузија и поддршка на ранливи групи, млади и младинско учество во заедницата како и креативни уметности и културен развој.

Повикот е отворен до 27.02.2026 година.

Од Општина Аеродром информираат дека ќе се одржат и инфосесија, обука и менторска поддршка за сите заинтересирани организации.

Сите детали, услови и потребната документација може да ги најдете на следниов линк: http://aerodrom.gov.mk/vest/9551

Општина Аеродром ги охрабрува сите заинтересирани да аплицираат и заеднички да се придонесе за развојот на нашата заедницата.

 

 

ИЗДВОЕНИ